Екипата на Милан се препороди откако Џенаро Гатузо го превзема тимот, а во наредните три недели ќе биде на вистински тест.
Милан реди победи во првенството, но она вистинското што туку е пред Гатузо и „росонерите“. Пред Милан е период во кој ќе одигра големи дерби средби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пеколниот распоред за Гатузо започнува веќе овој викенд кога клубот и гостува на Рома. Само три дена подоцна, екипата ја чека натпревар против Лацио во рамките од купот на Италија, а во март Милан ќе го игра големото градско дерби против Интер.
Четири дена подоцна, „росонерите“ на домашен терен го пречекуваат Арсенал во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на европа, потоа 11 март и гостуваат на Џенова, па нов натпревар со англискиот гигант.
Значи, доколку Милан продолжи со одличните резултати и во овој период, Гатузо мора да добие нов договор!