Дома Фудбал Италија Гатузо без грам дилема, го исфрлува од тимот: Или ќе тренираш, или дома!

Гатузо без грам дилема, го исфрлува од тимот: Или ќе тренираш, или дома!

Пет милиони евра плати Милан само за позајмица, уште 20 милиони ќе мора на крајот на сезоната да издвои на име на обавезниот откуп на договорот на Никола Калиниќ.

За тие пари очекуваа Росонерите гол машина каква што беше Калиниќ во Фиорентина, но зад неговото име оваа сезона се само четири погодоци и многу промашени ситуации.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Преку се Џенаро Гатузо би можел да пројде, но преку шегување со тренинзите, едностано не!

Калиниќ, имено, не беше во тимот за денешниот меч со Киево, а кога шефот на Милан е запрашан за причините имаше подготвено интересно излагање. Не го кажа тоа јасно, но таков впечаток остави дека не е задоволен со заложувањето на хрватскиот интернационалец на тренинзите.

„Утре е нов ден, а во фудбалот не смееш да дозволиш да биде оладен. Но, имам 25 играчи на располагање и правило кое е исто за сите. Околу два часа на тренинг мораш да дадеш се од себе. Сакам да видам професионализам и посветеност. Кој не тренира како што треба- останува дома“, јасно прецизираше Гатузо.

И не е сомнеж дека Калиниќ ова добро го сфаќа. Росонерите по новиот триумф се само четири бода негативни во однос на Интер и местото во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е тешко да се одбие: На адреса на Барселона стигна понуда за ѕвезда вредна дури 100 милиони евра

На адреса на Барселона пристигна понуда која би можела да го разниша европскиот фудбалски …