Дома Фудбал Англија „Гардијан“ го избра најдобриот тим во Премиер лигата и предизвика полемики

„Гардијан“ го избра најдобриот тим во Премиер лигата и предизвика полемики

Новинарите на угледниот „Гардијан“ ги избраа најдобрите 11 во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата, но изборот предизвика големи полемики.

Како се наближува крајот на сезоната во Премиер лигата, главното прашање е кој ќе биде избран за најдобар фудбалер – Кевин де Брујн или Мохамед Салах?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двајцата секако се најдоа и во идеалниот тим на „Гардијан“ но најголема полемика предизвика изборот на Фирмињо за централен напаѓач. Бразилецот игра фантастична сезона, но јасно е дека не може да се најде во тимот пред Хари Кејн и Агуеро.

Фирмињо со 14 постигнати гола и статистички „заостанува“ зад Кејн и Агуеро кои имаат постигнато 24, односно 21 гол.

Интересен е и изборот во одбраната, каде како стоперски пар е избран тандемот од Барнли, Бен Меј и Џејмс Тарковски. Додека на голот Едерсон од Сити е пред Де Геа од Јунајтед.

Ова се најдобрите 11 според Гардијан
Голман: Едерсон (Манчестер Сити)
Одбрана: Кајл Вокер (Манчестер Сити), Џејмс Тарковски (Барнли), Бен Меј (Барнли), Ендру Робертсон (Ливерпул)
Среден ред: Абдулај Дукуре (Ватфорд), Кевин Де Брујн (Манчестер Сити), Давид Силва (Манчестер Сити)
Напад: Мохамед Салах (Ливерпул), Сон (Тотенхем), Роберто Фирмино (Ливерпул)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…