Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Гави, во понеделникот вечерта го освои трофејот Копа, наградата која му се доделува на најдобриот млад играч во светот на церемонијата на доделување на „Златната топка“, а сега доби нова награда.
Само пет дена подоцна, Гави беше избран за „Златно момче“ од „Тутоспорт“. Наградата „Голден бој“ ја доби во многу силна конкуренција, па иако имаше многу реакции сепак очигледно Гави ги собира наградите помеѓу својата генерација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наградата „Златно момче“ се доделува од 2003 година на најдобриот фудбалер до 21 година што настапува во Европа. Последниве години до ова признание, меѓу другите, стигнаа и Педри, Ерлинг Халад, Жоао Феликс, Матијс де Лихт, Килијан Мбапе, Ренато Санчес, Антони Марсијал и Рахим Стерлинг. Наградата во свое време ја освојуваа Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Во најтесна конкуренција беа Џуд Белингам од Борусија Дортмунд и Едуардо Камавинга од Реал Мадрид, а меѓу 20-те номинирани се најде и Хрватот Јошко Гвардиол кој настапува во Лајпциг.