Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус ова лето сигурно ќе го напушти „Етихад“, а кариерата може да ја продолжи во Реал Мадрид.
После доаѓањето на Халанд во Манчестер Сити јасно е дека за Габриел Жесус повеќе нема место во тимот, а Бразилецот притоа влегува во последната година од договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неколку клубови се заинтересирани за напаѓачот, а „Марка“ открива дека агентот го понудил Жесус на Реал Мадрид.
„Кралевите“ се во потрага по млад напаѓач кој следната сезона ќе биде алтернатива за Бензема, а потоа ќе може да го наследи Французинот.
Анчелоти смета дека Габриел Жесус одлично би се вклопил во неговиот стил на игра, но раководството на Реал разгледува и други опции.
Сепак, Реал не ја затворил вратата за Жесус и во наредните недели ќе донесе одлука дали да испрати понуда до Манчестер Сити.
🚨| Gabriel Jesus' name is one of the names that appeared in the meeting held by Florentino Perez, Jose Angel Sanchez and Carlo Ancelotti and unlike other names, he is liked by Real Madrid and Carlo Ancelotti. @marca pic.twitter.com/N6YSuOSaO5
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 6, 2022