Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус изјави дека пред да се пресели во англискиот клуб добил гаранции од менаџерот Пеп Гвардиола дека ќе биде важен дел од тимот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бразилецот беше ѕвезда во својата татковина и имаше понуди од многу европски клубови, но тој се одлучил за Манчестер Сити токму поради Гвардиола.
„Гвардиола ми се јави и ми кажа дека ќе бидам многу важен дел од тимот. Очигледно тој факт одигра многу важна улога во мојата одлука да дојдам во Сити, иако имав понуди и од други клубови“, изјави Габриел Жесус.
Бразилецот потпиша договор со Манчестер Сити летото 2016 година, на „Етихад“ пристигна во јануари 2017 година и се покажа како големо засилување за „граѓаните“.