Дома Трансфер зона Габигол сака да се врати: Сакам да победувам со Интер!

Габигол сака да се врати: Сакам да победувам со Интер!

Габигол пред две години пристигна во Интер како големо засилување, но не се снајде најдобро на „Џузепе Меаца“ и одигра само десет меча на кои постигна еден гол.

„Нероаѕурите“ најпрво го испратија на позајмица во Бенфика, а сега Бразилецот се врати во својот матичен клуб, Сантош.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се уште сум млад и имам многу цели пред мене. Една од нив е да победувам со дресот на Интер. Имаше многу очекувања за мене. Дадов се од себе, но очигледно тоа не беше доволно. Во Бразил се ми е добро и сум среќен. Играм во клубот кој го сакам, но на 31 декември мојата позајмица истекува, а потоа ќе видиме. Мојот договор со Интер е до 2021 година“, изјави Габигол.

До моментов, Габигол има постигнато 12 голови на 23 средби за Сантош, па може да се каже дека ја оживеа својата кариера во Бразил.

„Пред се е тимот. Сега не сакам да сопирам со головите. Беше сон да се биде капитен на тимот. Јас веќе играв во репрезентацијата на Бразил. Не знам зошто не се снајдов во Италија. Многу луѓе очекуваа големи работи од мене. Направив се што е во моја моќ за брзо да се прилагодам, но работите не тргнаа во добар правец. Сепак, јас не се предавам. Разочарувачката сезона во Интер ќе биде од корист за мојот развој. Никогаш нема да зборувам лоши работи за Интер“, заклучи Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…