Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе го пропушти и мечот со Валенсија од 4-то коло на Примера, кој на програмата е во сабота, пренесуваат каталонските медиуми.
32-годишниот Аргентинец се уште не започнал со целосни тренинзи со тимот, а се очекува тоа да го направи следната недела. Тој се здоби со повреда на 5-ти август и неговата рехабилитација се уште трае.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Меси се уште нема ниту еден настап оваа сезона, а без него Барселона освои едвај 4 бода во првите три кола во Примера.
Меси сигурно ќе го пропушти мечот против Валенсија овој викенд, но можно е да се врати на терените против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите во вторник.