Дома Трансфер зона Враќањето на Мањан неизвесно, Милан носи голман од ПСЖ

Враќањето на Мањан неизвесно, Милан носи голман од ПСЖ

Првиот голман на Милан, Мајк Мањан веќе три месеци е надвор од терените поради повреда и не се знае кога ќе се врати.

Прогнозите беа дека Французинот ќе се врати на почетокот на јануари, но рехабилитацијата може да продолжи уште најмалку еден месец.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Поради тоа Милан мора да реагира и италијанските медиуми пренесуваат дека сака да донесе голман на 6-месечна позајмица.

„Скај Италија“ пренесува дека Малдини стапил во контакт со ПСЖ и го сака на позајмица Серхио Рико.

Шпанскиот голман има статус на трет голман во Париз и не добива шанса, па е спремен да дојде на „Сан Сиро“ на позајмица со крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…