Дома Фудбал Останато Во Холандија блесна анонимец: Сте слушнале за името на првиот стрелец на Ередивизија? (ВИДЕО)

Во Холандија блесна анонимец: Сте слушнале за името на првиот стрелец на Ередивизија? (ВИДЕО)

Сирил Десерс сигурно ќе ја памети оваа сезона, која е една од најчудните во историјата.

Никој се уште не е сигурен како Холандија ќе го одлучи новиот шампион (Ајакс има подобра гол разлика и под нормални околности би биле шампиони, но ова не се нормални, АЗ од друга страна два пати го победуваше клубот од Амстердам) откако Владата изрече забрана за спорт до 1. септември. Додека се чека одлуката за кој ќе биде шампион, едно е сосема јасно наградата за најдобар стрелец ќе ја поделат Стивен Бергјус од Фејенорд и скоро анонимниот Сирил Десерс од Хераклес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е тој сосема непознато име, барем не во Белгија и Холандија затоа што долго играше за Леувен, Локерен, НАЦ Бреда – таму и блесна откако во втората лига на 40 натпревари постигна 29 голови – Утретехт и сега во Хераклес. Но, малкумина се оние кои ги следат првенствата во овие земји, па јавноста во Нигерија прилично се изненади кога на списокто на Гернот Рор се појави и името на 25 годишниот напаѓач.

Десерс е роден во Леувен, со татко Белгиец и мајка Нигеријка, но и таа е родена и растена во Европа. Меѓутоа Десерес си кажува дека е горд Нигериец, па сам го контактирал фудбалскиот сојуз на оваа афричка земја и ги замолил да ги следат неговите настапи. Кога почнале да го следат имале што да видат.

„Белгија никогаш не беше сериозна опција, не морав ниту да бирам. Белгија ја има една од најдобрите напаѓачки генерации во историјата со Лукаку, Батшуаи, Мертенс…Сите се отприлика мои години, па така немав многу надеж. Во Нигерија навистина никогаш не сум бил, моите баба и дедо се од таму, мајка ми е родена во Европа, но кога ќе се погледнам во огледало знам дека сум половина Нигериец. Ги имам тие афрички карактеристики“, призна во една прилика Десерс.

Сезонава конечно го доби тој повик од Нигерија, денес требаше да дебитира против Сиера Леоне, меѓутоа Ковид-19 го одложи и тој натпревар па мора да чека. И не само на репрезентацијата, може да чека на трансфер во посериозна средина. Селта го бараше уште во текот на јануари.

„Следното лето ќе биде веројатно најлошо за трансфери во последните 100 години. Големите клубови ќе имаат мали буџети, нема да има толку трансфери. Не верувам дека Селта повторно ќе се јави. Всушност, немам проблем со тоа, не сум јас тој кој може да ја контролира ситуацијата. Ова никој не можеше да го предвиди“, зборува Десерс.

За крај треба да се подвлече: Бергјус седум гола од своите 15 даде од пенал, Десерс само еден. Потоа Бергјус игра за Фејенорд кој создава повеќе шанси и кој сезонава постигна 50 голови, 10 повеќе од Хераклес. Бергјус имаше седум асистенции, Десерс со пет не заостанува многу.

Навистина летово можеме да очекуваме дека ќе има клубови кои ќе сакаат да го доведат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…