Oд таборот на Тетекс денеска истакнаа незадоволство од судењето во натпреварот против Бешикташ, а посебно се истакнува што уште не е објавена судиската анализа на ФФМ за последното коло.
Раководството на Тетекс преку соопштеие кое ви го пренесуваме во целост се обрати до луѓето во Фудбалската федерација на Македонија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Почитувани,
Оставивме простор за да направите судиска анализа на вашите таканаречени судии за последното коло, кое за жал не се случи и повторно е на штета на нас клубовите, па сакаме да поставиме неколку прашања до надлежните во случајов ФФМ И СУДИСКАТА КОМИСИЈА, НО И ДО ДОТИЧНИОТ КОЈ ГИ ДЕЛЕГИРА ИСТИТЕ ШАРЛАТАНИ.
Зошто сè уште нема судиска анализа за последното коло од првата и втората македонска фудбалска лига?
Дали сте свесни, покрај тоа што ништо не помагате во фудбалот во и онака катастрофалната ситуација, свесно со вакви потези сте соучесници со судиите и поради тоа константно се случуваат овие неправди?
Дали треба некој да преземе одговорност за ваквите неправди или секогаш ќе добиваат оштетените клубови само едно ИЗВИНИ, кое никако не е од полза и исправање на неправдата према оштетениот клуб?
Зарем не се гледа од ваша страна дека собирате еден гнев кај клубовите и оние кои вистински ги сакаат и чесно ги водат клубовите?
Сакате ли да отиде предалеку работава со оваа ваша негрижа како да е сè ок, а не дека со срамни судиски одлуки од ваши судии кои поминуваат бева ваша анализа и неказнето, сакате да демонстрирате сила?
Господа од ФФМ, СУДИСКА КОМИСИЈА И ПРЕТСЕДАТЕЛЕ КОИ ГИ ДЕЛЕГИРАШ ТВОИТЕ ПАЈТАШИ НАРЕЧЕНИ СУДИИ, ДЕНЕС Е ТЕТЕКС, МАКЕДОНИЈА ЃП, ВОСКА, ГОСТИВАР И КОЈ УШТЕ НЕ, УТРЕ ЌЕ БИДЕ НЕКОЈ НОВ, НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ, НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИМЕ НА МИР…
ДОКОЛКУ НЕМА КАЗНИ, ОДНОСНО ОВОЈ СЛУЧАЈ БИДЕ ЗАТАШКАН ИАКО ИМА ОД КОНТРОЛОРОТ ИЗНАПИШАНО ЧЕТИВО ОД НАШИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ БАШКИМИ, ПОРАДИ НЕГОВИТЕ КАТАСТРОФАЛНИ ОДЛУКИ, ЌЕ БИДЕМЕ ПРИМОРАНИ ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ НА НАШ НАЧИН И ДА ГО ПОКАЖЕМЕ ДРУГО ЛИЦЕ НА ПРЕОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ КОИ САМО ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ВИНОВНИЦИ…!
НА ВАС Е РЕДОТ ДА СЕ РЕШИ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ОВОЈ ПРОБЛЕМ КОЈ НЕ Е СЛУЧАЕН!!!