Кристал Палас доведува во своите редови ново засилување, а во прашање е некогашниот голман на Ливерпул, Диего Каваљери.
Овој 35-годишен голман пристигнува од Флуминенсе, за кој бранеше на 204 натпревари во лигата, потпиша четиримесечен договор, односно до крајот на оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа, постои можност Каваљери да го продолжи договорот на уште една година со Кристал Палас.
Рој Хоџсон инстистираше тој да пристигне, потребен му е голман имајќи предвид дека се повреди Сперони и дека нема наскоро да се врати.
Вејн Хенеси бранеше против Тотенхем изминатата недела, беше феноменален, но порано на негова адреса пристигаа доста критики од фановите на клубот.
Каваљери дури две години беше член на Ливерпул, но интересно е што никогаш не настапил во Премиер лигата.