Eден од најпознатите шпански и светски судии, Матеу Лахоз заминува во пензија по завршувањето на актуелната сезона.
Лахоз во последните години многу пати беше во центарот на вниманието и делеше правда на важни натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Последно многу внимание привлече во натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство. Исто така дербито помеѓу Барселона и Еспањол во последното коло од Примера покажа дури 34 жолти картони и два црвени картони.
Дел од шпанските медиуми пишуваат дека големиот број критики кои во последно време ги добива се една од главните причини Лахоз да се повлече на 45 години.