Дома Фудбал Италија Во Неапол навистина има проблем: Го најави ли Спалети заминување?!

Во Неапол навистина има проблем: Го најави ли Спалети заминување?!

Лучијано Спалети по 33 години чекање му ја донесе сезонава титулата на Наполи во Серија А, а вчера го победи и Интер со 3:1.

Сепак, место мирно тимот да се спрема за наредната сезона, само една недела по освојувањето на Скудетото се појавија најави дека Лучијано Спалети ќе си замине. Прво се изгледаше како медиумска шпекулација, меѓутоа по изјавите на Спалети и Де Лаурентис стана јасно дека помеѓу нив има несогласувања.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Последната изјава на Спалети по победата против Интер за многумина е и најава за негово заминување.

„На овој Наполи не му е потребно ништо затоа што знае да игра фудбал. Ова е тим со срце, карактер, дух и верба во себе. Во таква екипа лесно е да работите, спортскиот директор Џунтоли и претстедатело формираа одличен тим. Кога не сте убедени дека на овој тим можете да му го дадете тоа што го заслужува, треба да ги преиспитате одлуките.

„Не очекувам ништо, се е познато, потребно е само официјализација. На претседателот му кажав се што мислам дека требаше да му кажам и немаше никакви преговори“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хендерсон скршен од болка: Се појави пред „Енфилд“ да оддаде почит на Жота (Фото)

Џордан Хендерсон беше преплавен со емоции како му оддаде почест со цвеќиња на својот прија…