Дома Фудбал Во каков хаос е Куман најдобро покажуваат последните 15 минути против Гранада

Во каков хаос е Куман најдобро покажуваат последните 15 минути против Гранада

Фудбалерите на Барселона ремизираа вчера на свој терен против Гранада во натпревар од петтото коло во Ла Лига.

Каталонскиот клуб уште еднаш ги разочара своите навивачи одигрувајќи лош натпревар, а од пораз се спасија во самиот финиш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гранада одлично го започна натпреварот и поведе уште во втората минута кога Дуарте го совлада Тер Штеген за водство од 1:0. Предноста гостите ја чуваа до самиот крај. Барселона дури во финишот успеа да дојде до 1:1 преку Араухо.

После натпреварот на удар на критиките се најде тренерот Роналд Куман, а тој се правдеше дека ова не е Барселона од пред осум години и дека проблеми ќе има.

Но, колкав е хаосот во Барселона покажува измената во 75. минута. Тогаш во игра кај Барселона влезе Пике на местото на Демир, а изненадувачки беше што Пике до крајот на мечот играше како центарфор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…