Коронавирусот го парализираше фудбалот во најсилните првенства и засега не може да се каже кога сезоната ќе продолжи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Островот поради актуелната ситуација се доведе во прашање титулата на Ливерпул на која „црвените“ чекаат 30 години. Ливерпул има 25 бода предност и потребни му се само уште две победи за и математички да ја обезбеди титулата.
Во времето кога фудбалот е парализиран Клоп се огласи со порака на социјалните мрежи.
„Порака од тимот до нашите навивачи за нивната благосостојба. Ставете го вашето здравје на прво месо, не преземајте ризици. Помислете на ранливоста на нашето општество. Внимавајте на себеси и чувајте се еден со друг. Никогаш нема да бидете сами“, гласи пораката на Клоп.