Изгледа дека наскоро се ќе биде завршено, фудбалерот одбива да потпише договор. Ќе биде слободен, а тука е Јуве да стапи на сцена.
Неговото презиме е навистина познато – Ориол Бускетс! Не, не е во никаков сродство со славниот играч за врска на Барселона, но игра на иста позиција и тешко може да добие шанса покрај шпанскиот репрезентативец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму поради тоа не сака да потпише нов договор и да биде испратен на позајмица, па лесно би можел ова лето да заврши во Италија.
Има понуда од Јувентус. Се работи за 19 годишен фудбалер кој против Мурсија во купот дебитираше за првиот тим, одигра 62 минута, но се повреди во текот на пролетта и ќе биде спремен за неколку месеци.
Во Барса веруваат дека тој има квалитет за првиот тим и веројатно да не беше повредата би бил прекомандуван од Барса „Б“, но сега неговото заминување изгледа како извесно. Јувентус е познат како клуб кој знае да им даде шанса на младите фудбалери.