Дома Фудбал Во Барса навистина се случило нешто: Сетиен јавно се извини

Во Барса навистина се случило нешто: Сетиен јавно се извини

Во медиумите неодамна се појавија информации дека играчите на Барселона имаат проблем со помошникот на Сетиен, Едер Сарабија.

Сарабија е човек кој има по малку ексентрично однесување, па знаел на тренинзите и натпреварите да го истури бесот на играчите и да вика по нив, а тоа ги налутило играчите, се пишуваше и дека Меси имал расправија со него поради таквото однесување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дека нешто навистина се случило потврдува и последната изјава на Сетиен.

„Не смее да се однесува на тој начин, такви работи нема да се повторат. Имиџот на клубот секогаш е најважен. Понекогаш е добро, но Едер на моменти знае и да претера. Тој е човек кој знае да ги мотивира играчите, меѓутоа понекогаш и ја губи контролата“, изјави Сетиен.

Инаку, Сетиен со Сарабија соработува веќе пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…