Германскиот гигант Баерн Минхен поминува низ голема криза откако беше отпуштен Јулијан Нагелсман, а на негово место Томас Тухел.
Баварците со Нагелсман беа во игра за три трофеи, а откако пристигна Тухел беа елиминирани од германскиот куп и Лигата на шампионите, додека викендов го загубија и првото место во Бундеслигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради ваквата ситуација се најавува голема реконструкција во Минхен. Германските медиуми денес пренесуваат дека прв кој ќе ја плати цената на лошите резултати е извршнито директор Оливер Кан кој би требало да биде разрешен на состанокот на управниот одбор на 22-ри мај.
Од фудбалерите би требало да замине најголемото лето засилување, Садио Мане кој не ги исполни очекувањата. Покрај него на таа листа се уште Серж Гнабри и Томас Милер кој ја игра една од најслабите сезони во својата кариера.
Засега не се најавува отказ за Тухел и тој би требало да остане тренер дури и ако Баерн не ја освои титулата во Бундеслигата. Исто така отказ веројатно нема да добие и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ кој ќе има задача да пронајде топ голгетер во летниот преоден рок.