Дома Фудбал Англија Во Арсенал ќе бидат бесни: Дали првиот гол на Сити против Тотенхем е од офсајд?

Во Арсенал ќе бидат бесни: Дали првиот гол на Сити против Тотенхем е од офсајд?

Maнчестер Сити вчера славеше во заостанатиот натпревар против Тотенхем со 0:2 и така се искачи на врвот во Премиер лигата во пресрет на последното коло.

Избраниците на Пеп Гвардиола славеа победа со 0:2, но сега на Островот се коментира ситуацијата при првиот гол кога Де Брујн му асистираше на Халанд.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Имено, се појавија објаснувања дека Де Брујн е во недозволена позиција пред да ја добие топката со која му асистира на норвешкиот голгетер. Со тој гол Манчестер Сити поведе со 0:1, а во завршницата со голот од пенал победата беше само потврдена.

Во последното коло Арсенал кој игра против Евертон, ќе се надева дека Вест Хем кој резултатски нема за што да игра може да ги изненади „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Драма во Израел: Фрлена бомба врз домот на поранешниот фудбалер на Ливерпул

На куќата на некогашниот фудбалер на Ливерпул Јоси Бенајон беше фрлена бомба во недела нав…