Дома Останати Кошарка НБА Вориорси фаќаат ритам: Против Феникс стигнаа до четврта победа во низа

Вориорси фаќаат ритам: Против Феникс стигнаа до четврта победа во низа

Тимот на Голден Стејт полека како да се „буди“, против Феникс Вориорсите ја запишаа четвртата победа во низата.

Беше јасно дека без Стеф Кари и Клеј Томпсон кои имаат тешки повреди сезоната нема да биде како претходните. Тимот кој во последните пет сезони три пати беше шампион во НБА во овој момент е последен на западот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Против Феникс натпреварот го решија во последната четвртина која ја добија со 39:18. Дианџело Расел ги предводеше домаќините со 31 поен, додека Демион Ли уфрли 16 поени, најефикасен кај Феникс беше Девин Букер.

Милвоки и без првата ѕвезда, Јанис Антетокумпо ја победи Атланта со 112:86. Бакси беа предводени од Крис Мидлтон кој постигна 23 поени и Брук Лопез со 19.

НБА резултати:

Шарлот – Оклахома 102-104 (после продолженија)

Орландо – Филаделфија 98-97

Мајами – Индијана113-112

Бостон – Кливленд 129-117

Голден Стејт – Феникс 105:96

Милвоки – Атланта 112:86

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …