Дома Фудбал Останато „Волшебникот“ го изневери Меси!

„Волшебникот“ го изневери Меси!

Четири години Роналдињо настапуваше заедно со Лионел Меси во Барселона и никогаш не го криеше воодушевувањето за играчот кого го нарекуваше „новиот Марадона“, но сепак во овој момент според популарниот „Волшебник“ Меси не е најдобар во светот.

Бразилецот Роналдињо после финалето во Кардиф беше запрашан кој според него е најдобар фудбалер во светот, а еве што одговори тој.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кој? Па Кристиано Роналдо, секако. Резултатите, титулите, бројот на голови и неговата игра доволно ззборуваат“, изјави Роналдињо.

Со оваа изјава Роналдињо веројатно го изненади и самиот Меси, бидејќи освен што е негов пријател, Роналдињо е и клупски амбасадор на Барселона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…