Јулијан Дрекслер уште во летниот преоден рок јавно ја изрази својата желба да го напушти Волфсбург, но тогаш раководството на клубот не му дозволи да замине.
Интерес за Дрекслер покажаа ПСЖ и Арсенал, но германскиот клуб ги одби сите понуди и едноставно го примора играчот да остане во клубот.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Сепак, Дрекслер не е среќен во Волфсбург, а тоа се одразува и на неговата форма, па германскиот клуб ја промени одлуката и потврди дека ги отвара вратите за негова продажба.
„За разлика од минатото работите се променија. Овој пат можеме да дадеме согласност за продажба на Дрекслер доколку пристугне добра понуда“, изјави спортскиот директор на Волфсбург, Клаус Алофс.
Оваа изјава сигурно ќе ги алармира европските гиганти кои се заинтересирани за Германецот, па Дрекслер би можел да го направи еден од најскапите и најзвучните трансфери оваа зима.