ПСЖ се поврзуваше со напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, но изгледа дека српскиот голгетер не е прва опција.
Весникот „Ил Матино“ со седиште во Неапол објави дека во Наполи пристигнала понуда од ПСЖ вредна 110 милиони евра за напаѓачот Виктор Осимен. Осимен зад себе ја има најдобрата сезона во кариерата, а тоа не поминало незабележано и од гигантот од Париз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Засега не е познато каков став има раководството на Наполи на оваа понуда, но претходно првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис истакнуваше дека Осимен вреди 200 милиони евра.
Кога се личните услови на Осимен во прашање, Нигериецот би добил плата од 12 милиони евра што е скоро двојно повеќе од седум, колку што му нуди Наполи во преговорите за нов договор.
Наводно, новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике, го „пикирал“ Осимен како прво решение во нападот.