Дома Фудбал Италија Влаховиќ: Ми требаше време да се адаптирам во Јувентус

Влаховиќ: Ми требаше време да се адаптирам во Јувентус

Душан Влаховиќ призна дека му било потребно време да се адаптира во Јувентус, откако пристигна во јануари.

22-годишниот Србин во Јувентус постигна девет гола на 21 натпревар, но оваа сезона има поголеми очекувања.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Не беше тешка одлука бидејќи Јуве е голем клуб, многу блиску до мојот начин на работа, никогаш не се откажувам до крајот, верувајќи дури и кога се чини дека се е изгубено. Дефинитивно ми требаше малку време да се адаптирам во Јувентус. Сепак, требаше да се справам подобро. Не сум среќен бидејќи го загубивме финалето. Се квалификувавме за Лигата на шампионите, но можев повеќе“, изјави Влаховиќ.

Влаховиќ ги коментираше и новите засилувања Пол Погба, Анхел Ди Марија и Бремер.

„Пол го познавам само од ТВ. Тој е светски шампион кој освои толку многу во годините во Јуве. Анхел веќе подолго време игра на највисоко ниво. Треба да го запознаеме за подобро да се разбереме на теренот, но сигурен сум дека тоа нема да биде проблем. Тој има играно со големи имиња. Бремер е најдобриот дефанзивец во Серија А“, изјави Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблем за Барселона, се повреди Јамал

Ламин Јамал доживеа повреда на вчерашниот натпревар меѓу Шпанија и Данска. Јамал доби пове…