Кошаркарската репрезентација до 18 години која стигна до златниот медал на Европското првенство во Скопје ќе добие награда од Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски.
ж„На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“, објави Мицкоски.
Македонските кошаркари до европското злато во „Б“ дивизијата стигнаа со осум победи во исто толку натпревари, а на следниот шампионат ќе бидат дел од „А“ дивизијата.