Дома Фудбал Останато „Вистинскиот“ Роналдо открива: Првата проба ја поминав како голман!

„Вистинскиот“ Роналдо открива: Првата проба ја поминав како голман!

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, верувале или не, можел да заврши целосно на другата страна на теренот.

Роналдо Луис Назарио Де Лима познат како Роналдо ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи кои некогаш светот ги видел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот како што самиот открива првите чекори ги направил во футсалот, но и откри дека првата своја проба во кариерата ја поминал како голман.

„Отидов на проба во Влкеира, но футсалот беше голем предизвик, па на проба доаѓаа и по 50 деца. Сакав да играм на позицијата десно крило бидејќи не можев добро да шутирам со лева нога. Имаше голем број кандидати на секоја позиција, освен на голманската, имаше само три голмани. Па така првата проба во мојата кариера ја завршив како голман и поминав, но потоа на тренингот ја променив позицијата“, открива Роналдо.

Значи, поради огромната конкуренција во Бразил Роналдо на почетокот на својата кариера мора да се користи со трикови за да стигне до првиот тим на една футсал екипа.

Да потсетиме, ПСВ во Европа го доведе во 1994 година, а после две години во Холандија премина во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…