Дома Фудбал Останато Вилшер за тешкиот период: Мојот син ме праша зошто ниту еден клуб не ме сака

Вилшер за тешкиот период: Мојот син ме праша зошто ниту еден клуб не ме сака

Поранешниот фудбалер на Арсенал Џек Вилшер после подолго време пронајде нов клуб. Станува збор за дански Архус.

Англискиот фудбалер целосната афирмација ја доживеа додека настапуваше за лондонскиот клуб, а потоа играше за Вест Хем и Борнемоут после што беше слободен бидејќи не можеше да пронајде нов клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„И покрај приказните дека сум склон кон повреди тоа не е точно. Малку натпревари одиграв, ќе кажам искрено така беше затоа што тренерот така сакаше. Секогаш бев спремен и тогаш кога знаев дека нема да играм. Најтешко ми беше што другарите на моите деца во градинка им се потсмеваа и им зборуваа дека никој не ме сака. Во една ситуација мојот син ме праша: Зошто ниту еден клуб не те сака? Што можев да му одговарам на такво прашање?“, изјави Вилшер.

Вилшер на почетокот на својата кариера, односно во неговата прва сениорска сезона беше избран за најдобар играч на клубот од страна на навивачите, но потоа следуваше еден голем пад во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…