Џек Вилшер сепак би можел да заигра во Италија.
Поранешниот капитен на Арсенал е без клуб од минатата сезона кога го напушти Бурнемоут. Тренираше со Арсенал и имаше желба да потпише договор со неговиот поранешен клуб. Со „топџиите“ беше и на зимскиот камп во Дубаи, сепак нема да добие договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега се најавува дека Вилшер ќе продолжи во Италија. Нов клуб на поранешниот англиски репрезентативец би можел да биде Комо. Преговарач е Паоло Анони, некогаш играч на Рома, тој изјави дека англискиот репрезентативец е повеќе од можност за италијанскиот тим.
Комо е на средина на табелата, но се уште има можност да се вмеша во борбата за бараж за еелитата. Вилшер со преминување на „Чизмата“ се поврзуваше и минатото лето, меѓутоа тогаш преговорите пропаднаа.