Во текот на викендот во центарот на вниманието во Челзи беа Еден Азар и Тибо Куртоа, денеска околу Азар се очекува конкретни информации, а во меѓувреме и Бразилецот Вилијан ги откри своите планови.
По вчерашниот пораз на Челзи во Комјунити Шилд против Манчестер Сити (0:2), Вилијан излезе пред новинарите и ги израдува навивачите на клубот од „Стемфорд Бриџ“. Најпрво разговараше за самиот натпревар и во таа прилика ги убеди навивачите дека не треба премногу да бидат загрижени за овој пораз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е само почеток, јас имав само три тренинзи. Новата сезона е пред нас, со новата тренерска филозофија, се за нас е ново во овој момент. Но, луѓето знаат дека ќе имаме многу натпревари оваа сезона и ако работиме вредно, можеме многу да постигнеме“, изјави Вилијан.
Потоа следуваше она што навивачите најмногу ги интересира, дали ќе остане во клубот. Вилијан тука не остави никаква дилема, изгледа дека донесе конечна одлука, дека ќе остане во Челзи и со „Сините“ ќе освојува трофеи.
„Секогаш зборував дека сум среќен во Челзи. Никогаш не сум зборувал за заминување од клубот“, додаде Вилијан.
Потсетуваме, ова лето се најавуваше неговито трансфер во Манчестер Јунајтед, Мурињо веќе долго време го сака во својот тим, но како што сега стојат работите, таа желба на „Олд Трафорд“ ќе му остане неисполнета.