Дома Фудбал Англија Виеира изненаден и навреден од постапката и понудата на Арсенал

Виеира изненаден и навреден од постапката и понудата на Арсенал

Патрик Виеира повеќе не е меѓу кандидатите за нов менаџер на Арсенал.

Легендарниот француски фудбалер, кој моментално го предводи американскиот Њу Јорк Сити, беше меѓу кандидатите за менаџерската позиција на Топџиите, откако Арсен Венгер објави дека го напушта клубот после 22 години.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, Виеира е разочаран од постапката на раководството на Арсенал кој сакаше да го ангажира како привремено решение и не гледаа во него долгорочно решение за клупата на лондонскиот тим.

Скај Спорт наведува дека Французинот изразил големо незадоволство после разговорите и убеден е дека и таа работа му ја понудиле како симболичен гест кон поранешен играч, по што одлучи да се откаже од било каква работа во овој клуб.

За сега, најсериозен кандидат за клупата на Топџиите е уште еден поранешен играч, Микел Артета, кој претходните години работеше како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Виеира за Арсенал настапуваше девет годни (1996-2005) и во тој период одигра 406 натпревари за овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…