Немања Видиќ пред дербито со Манчестер Јунајтед и Ливерпул кое се игра денеска во 13:30, ја отвори душата за „Daily Mail“ и зборуваше за тоа како малку фалело да заврши во Ливерпул.
Ливерпул, како што вели Немања прв дошол до него, поточно Рафа Бенитез. Поранешниот репрезентативец на Србија разговарал со Бенитез во автомобил, а сопругата на Видиќ тоа го преведувала. Го прашал дали е заинтересиран да трансфер од Спартак Москва во Ливерпул, а Немања одговорил „ќе се случи, ќе се случи“ не сакајќи ништо конкретно да каже. Имал желба да се пресели во Ливерпул, но до контакт од страна на Бенитез и Ливерпул не дошло. Сето тоа го искористи Фергусон кој за 10,5 милиони евра го купи Немања, останатото е историја…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Видиќ со посебна инспирација влегуваше во натпреварите токму против „Црвените“, па забележи дури четири црвени картони против нив. Ливерпул дошол до Немања со желба да потпише договор, но откако што Немања Видиќ заврши со Јунајтед, тогаш веќе било доцна. Видиќ стана капитен со екипата од „Олд Трафорд“, освои Лига на Шампиони 2008. година, 5 титули шамион во Премиер лигата, 3 Лига Купа и 5 Комјунити Шилд. Тој е еден од членовите на генерацијата која успеа да го престигне големиот ривал по долгогодишното лидерство во титулите.
„Црвените картони се првото нешто кое ми паѓа на памет кога ќе помислам на натпреварите со Ливерпул. Секогаш повеќе се сеќавам на моите неуспеси. Мислам дека сеќавајќи се на тие моменти, се обидувам нешто такво да не се случува“.
Иако сите мислеа дека тој секогаш игра ладнокрво, Немања рече нешто сосема друго: „Сега уживам во животот. Немам стрес. Фудбалот беше страсен. Кога ќе престанете да играте, сфаќате колку сте биле под стрес“.