Поранешниот капитен на Манчестер го фали Мегваер.
Манчестер Јунајтед и оваа сезона на моменти има проблеми со одбраната, но и на моменти Хари Мегваер блеснува, па се очекува новајлијата од Лестер да донесе сигурност каква што на Јунајтед му недостасува неколку години наназад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Англија одигра само пет натпревари за новиот клуб и изгледа дека може да прерасни во големо засилување. Добива пофалби од соиграчите, ја ужива довербата на Оле Гунар Солскјер, а сега тој доби пофалви и од Немања Видиќ.
„Добро започна Мегваер. Објакетивно сите имаат големи очекувања од него. Јунајтед мора да ја подобри дефанзивата, сите знаеме дека таа ги освојува трофеите. За титули потребна е силна одбрана која не прима многу голови“, изјави Видиќ за островските медиуми.
Во трансфер вреден 87 милиони евра Хари Мегваер стана најскапиот дефанзивец во светот и од него очекувањата се големи, Видиќ верува дека најдоброто од него допрва доаѓа.
„Мегваер само што дојде, не беше ниту на припремите со тимот, најдоброто од него допрва треба да го видиме“, оптимистично прогнозира Видиќ.
Кога еден Видиќ кој долги години беше столб на одбраната на Јунајтед дава пофалби тогаш Мегваер навистина покажал нешто во Јунајтед, иако е краток период во клубот.