Дома Фудбал Останато Видео: 20 години подоцна – Објаснување за чудесниот „БАНАНА ГОЛ“ на Роберто Карлос!

Видео: 20 години подоцна – Објаснување за чудесниот „БАНАНА ГОЛ“ на Роберто Карлос!

На 3 јуни 1997 година на „Жерлан“ во Лион се играше натпреварот помеѓу Франција и Бразил која од натпреварот кој требаше да биде само загревање за Светското првенство стана историска.

„Виновникот“ беше тогаш 24 годишниот Роберто Карлос кој постигна чудесен гол кој ќе остане запаметен како еден од најдобрите во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако одалеченоста беше повеќе од 35 метри, пред себе Карлос имаше жив ѕид од четири фудбалери, на голот стоеше Фабијан Бартез, еден од најдобрите светски голмани, а Бразилецот успеа да погоди.

Тоа беше шут и погодокот каков што никогаш порано не сме виделе. Прецизен како „ласерски испукана ракета“. Го доби прекарот „невозможен гол“. Поради изведбата, реализацијата, неодбранливоста, но и необјаснивоста како тоа воопшто е можно.

Карлос „испали“ проектил од левата нога кој идеше далеку од голот, но одеднаш топката се врати и заврши во мрежата на немоќниот Бартез.

Расправата за овој погодок трае и 20 години, а сега со свое мислење се огласи и самиот Карлос.

„Л’Екип“ направи голем специјал со најдобрите изведувачи на слободни удар. Тајните на головите кои ги постигнуваа, Платини, Пирло, Михајловиќ, Жунињо и секако Роберто Карлос.

„Топката одеше далеку од голот, но ветерот ја врати во голот. Тоа е објаснување на чудесниот гол“, објасни Карлос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…