Дома Фудбал Англија Видео: Чудо на ВБА – го победија Тотенхем со гол во последните минути и се уште се „живи“!

Видео: Чудо на ВБА – го победија Тотенхем со гол во последните минути и се уште се „живи“!

Денес во терминот од 16:00 часот се одиграа четири натпревари во англиската Премиер лига.

Најголемото изненадување го направи Вест Бромвич Албион кој со гол во последните минути од натпреварот успеа да го совлада Тотенхем, а така и да си ги задржи минималните шанси за опстанок во Премиер лигата.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Иако сите веќе ги отпишаа ВБА успеа да слави над Тотенхем и тоа со голот на Ливермор во 93 минута од натпреварот.

Победата на ВБА е одлична вест за Челзи кој со евентуална победа во утрешното дерби против Ливерпул би стигнал на само два бод од Тотенхем и од местото кое води во Лигата на шампионите наредната сезона.


Вест Хем денес славеше на гостувањето против Лестер со 0:2 и така го обезбеди опстанокот. Головите за гостите ги постигнаа Жоао Марио и Марк Нобл.

Во останатите два натпревари Бурнемоут ја совлада Свонси со 1:0 и Вотфорд славеше против Њукасл со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…