Каков потег.
Фудбалскиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети му ја донесе на својот тим третата титула во клупската историја и се чини дека поради тоа стана легенда меѓу навивачите кои знаеја како да му се оддолжат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, најжестоките навивачи на Наполи со фантомки упаднаа во просториите на клубот, за да му вратат на Спалети нешто што му го украдоа пред две години.
Во прашање се воланот на Fiat Panda и ЦД-плеерот кој навивачите го украле кога Италијанецот пристигнал во клубот.
Тогаш беа против неговото доаѓање, но се се смени по титулата оваа сезона.
Спалети на клупата на новиот шампион на Италија дојде летото 2021 година и досега на 94 натпревари го предводеше Наполи.
As a reward for winning the title, Napoli ultras gave Luciano Spalletti the steering wheel and CD's they stole from his beloved Fiat Panda in 2021 when they were protesting him. 😂🚗
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) June 6, 2023
pic.twitter.com/JJBRPTaWAc