Репрезентацијата на Англија синоќа гостуваше во Амстердам, каде што во пријателскиот натпревар ја совлада Холандија со минимални 1:0.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сепак, гостувањето на Англија го обележаа немирите на улиците во Амстердам. Во Холандија, имено, допатуваа голем број на англиски навивачи, кои почнаа да прават проблем веднаш штом пристигнаа. Вчера се појави и снимка од пијани англиски навивачи кои скокаа од мостот, со пиво ги истураа граѓаните на Амстердам и туристите кои со бродови се возеа низ каналите, за на крај да ги фрлаа велосипедите оставени на улица во вода.
Како се ближеше почетокот на натпреварот, англиските навивачи правеа се повеќе и повеќе проблеми, па мораше да интервенира и холандската полиција. Иако англиските медиуми денеска, главно, тврдат дека полицијата без причина ги тепаше навивачите на Англија, според снимките на социјалните мрежи не изгледа така.
Интервенираше и посебната единица на полицијата, која со примена на сила ги уапси англиските навивачи.
Холандската полција покажа дека подеднакво смета на сите напади, па такво нешто подоцна им се случи и на локалните навивачи кои нападнаа еден бар во кој имаше симпатизери на Англија.