Денешното дерби во полуфиналето од турскиот куп помеѓу Бешикташ и Фенербахче не помина без инциденти.
Алваро Негредо го доведе домаќинот во водство, потоа Солдадо изедначи во 17 минута од средбата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во финишот првиот дел следуваше судир на играчите на двата тима. По еден старт на фудбалерот на Бешикташ над Алпер Потук дојде до вербален конфликт помеѓу играчите на теренот.
Потук ги загуби нервите и турна еден од фудбалерите на домаќините, па поради ова доби втор жолт картон и беше исклучен.
Потоа во 52 минута Рикардо Кварезма само шест минути откако влезе во игра заработи директен црвен картон. По овој црвен картон следуваше вистинска драма на теренот. Бесниот Кварезма тешко можеа да го задржат и соиграчите, по обидите да дојде до некој од противничките фудбалери во еден момент и успеа, по што буквално му удри тупаница на фудбалерот на Фенер.
Како овој хаос да не беше доволен, па во продолжение на нешто повеќе од десетина минути пред крајот исклучен беше и голманот на Фенербахче, Волкан Демирел.
По црвениот картон на Демирел, Бешикташ успеа д астигне до погодок и да изедначи на 2:2.