Дома Фудбал Англија Видео: Спектакуларен старт на „Боксинг деј“ – Седум погодоци, хет-трик на Кејн и срушен рекорд стар 22 години!

Видео: Спектакуларен старт на „Боксинг деј“ – Седум погодоци, хет-трик на Кејн и срушен рекорд стар 22 години!

Популарниот „Боксинг деј“ денес во англиската Премиер лига беше отворен со натпревар во кој видовме дури седум погодоци.

„Боксинг дек“ го отворија Тотенхем и Саутемптон, а на крајот „петлите“ предводени од фантастичниот Хари Кејн успеаа да стигнат до убедлива победа од 5:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќините започнаа одлично, а добрата игра ја крунисаа со погодокот веќе во 22 минута од натпреварот кога погоди Хари Кејн. Во финишот од првото полувреме Кејн успеа да постигне нов погодок со кој го сруши рекордот стар 22 години на Алан Ширер за постигнати погодоци во една календарска години.

Саутемптон добро го отвори вториот Лонг имаше одлична шанса после грешката на Дајер, но сепак не ја искористи. Набрзо следуваше казна и крај на надежите дека можат „светците“ можат да направат нешто во овој натпревар. Деле Али во 49 минута зголеми на 3:0, а само две минути подоцна Сон Хеунг Мин стрелаше за 4:0.

Буфал во 64 минута постигна гол за гостите, а Кејн во 67 го постигна и својот трет погодок на натпреварот. Конечните 5:2 ги постави Душан Тадиќ во 82 минута од натпреварот.






Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…