Дома Топ вести Видео: Селта падна, титулата на дофат!

Видео: Селта падна, титулата на дофат!

„Кралевите“ вечерва запишаа убедлива победа од 4:1 на гости против Селта.

Иако резултатот кажува нешто друго, на теренот Селта беше достоен , на моменти можеби и подобар противник. За тоа зборуваат десетте шута кои ги имаа домаќините во првиот дел, сепак на полувремето Реал водеше со голот на Роналдо во 10 минута.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На стартот на вториот дел Роналдо зголеми и на 2:0, а надежите на гостите веројатно згаснаа кога Jаго Аспас во 62 минута заработи црвен картон.

Сепак Гуидети само седум минути подоцна намали на 1:2, но Бензема веќе во следниот напад ја врати предноста од 1:3 за „кралевите“. Конечните 1:4 ги постави Тони Крос во 88 минута од натпреварот.

После оваа победа на Реал потребен му е само бод во последното коло за да ја обезбеди титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тажна сцена: Погребално возило дојде по телото на Жота

Фудбалскиот свет е во траор поради трагедија што се случи во раните утрински часови – во с…