Дома Фудбал Англија Видео: Санчез промаши, па се поправи, „ѓаволите“ намалија на -13

Видео: Санчез промаши, па се поправи, „ѓаволите“ намалија на -13

Во терминот од 16:00 часот во Премиер лигата се одиграа пет натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед очекувано ја оправда фаворитската улога во натпреварот против Хадерсфилд, „ѓаволите“ запишаа победа од 2:0.

Избраниците на Жозе Мурињо од самиот почеток на натпреварот ја имаа контролата за тоа говори и поседот на топката, Јунајтед имаше 77%. Сепак погодок во првиот дел не видовме.

Отпорот на Хадерсфилд попушти во 55 минута кога Лукаку го искористи одличното нафрлување од Хуан Мата сместувајќи ја топката во поблискиот агол од голот на гостите.

Во 68 минута од натпреварот пенал за „ѓаволите“. Одговорноста му припадна на големото засилување од Арсенал, Алексис Санчез кој доби прилика да го постигне својот првенец во дресот на Јунајтед.

Санчез не беше успешен при ударот од 11 метри, но одбиената топка успеа да ја смести во мрежата со што стави точка на натпреварот.

Останати резултати:

Бурнемоут – Стоук 2:1

Брајтон – Вест Хем 3:1

Лестер – Свонси 1:1

ВБА – Саутемптон 2:3

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…