Во терминот од 13:30 часот во Премиер лигата беше одигран натпреварот помеѓу Стоук и Кристал Палас.
Кристал Палас славеше на гостински терен со 1:2 и така го испрати Стоук во Чемпионшип.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не почна натпреварот така лошо за домаќините, Стоук играше добро, а таквата игра им се исплатеше во 43 минута кога Џердан Шакири постигна мајсторски гол од слободен удар.
Сепак во второто полувреме следуваше целосен пресврт.
Се играше 68 минута кога после една грешка во редовите на домаќините Мекартур изедначи на 1:1. На само четири минути до крајот на истекот на регуларните 90, Ван Анхолот постигнува гол за 1:2 со кој го испрати Стоук во втората англиска лига, а себе си го обезбеди опстанокот.
На Стоук во Чемпиошип многу веројатно друштво ќе му прави ВБА.