Фудбалерите на Реал Мадрид изминатата вечер одиграа натпревар против Валенсија на „Сантиаго Бернабеу“.
После 90 минути во шпанската престолнина немаше победник, Реал и Валенсија, одиграа одличен натпревар кој на крајот заврши 2:2.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поведе Реал во десетата минута, преку Марко Асенсио кој ја искористи грешката во одбраната на гостите и постигна прекрасен погодок. Само осум минути подоцна Валенсија стигна до израмнување, а стрелец беше Карлос Солеро.
До крајот на полувремето Реал се закануваше преку Марсело и Бензема, но резултатот не се промени, на одмор се замина со 1:1.
Во вториот дел Реал продолжи со нападите, додека Валенсија првата прилика после погодокот на Солеро ја создаде во 73 минута и тоа од слободен удар преку Дани Парехо. Иако, Реал беше тимот кој создаваше повеќе шанси, само четири минути по слободниот удар на Парехо, Валенсија стигнува до предност, а стрелец беше новајлијата од Интер, Кондогбија.
Реал продолжи да напаѓа се играше 82 минута кога Ковачиќ падна пред шеснаесетникот, а главниот судија на натпреварот досуди слободен удар од кој Асенсио погоди за израмнување.