Дома Останати Кошарка Видео: Пол Џорџ издоминира, 35 поени на Вилијамс не беа доволни, нова победа на Орландо!

Видео: Пол Џорџ издоминира, 35 поени на Вилијамс не беа доволни, нова победа на Орландо!

gorge

Орландо стигна до осмата победа во сезоната, Милвоки на гости беше подобар од Сан Антонио, Мајами со одлична игра во финишот ја совлада Јута, Оклахома славеше над Лејкерси…

Тимот на Орландо кој оваа сезона е најпријатното изненадување во НБА лигата успеа да слави над Феникс со 128:11. Најефикасен во нивните редови беше Арон Гордон со 22 поени, додека зад него следеше Никола Вучевиќ со 19 поени, седум скокови и две асистенции. На другата страна се истакна Алекс Лен со дабл-дабл, 21 поен и 13 скокови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајами на полувремето имаше големо заостанување во дуелот со Јута, но со фуриозната серија од 13:0 во финишот успеа да слави, резултат на крајот гласеш 84:74. Најефикасен беше Ваитерс со 21 поени, Драгиќ постигна 18 поени, додека на другата страна Хоод уфрли 19 поени.

Оклахома во неизвесен финиш славеше над Лос Анџелес Клиперси со 120:111, херој на натпреварот беше Пол Џорџ со 42 поени, девет скокови и седум асистенции, Расел Вестрбук запиша 22 поени и осум асистенции, Кармело Ентони застана на 14 поени. Кај Клиперси, најефикасен беше Лу Вилијамс со 35 поени.

НБА резултати:

Бостон – Шарлот 90:87

Детроит – Атланта 111:104

Чикаго – Индијана 87:105

Оклахома – Лос Анџелес 120:111

Феникс – Орландо 112:128

Сан Антонио – Милвоки 87:94

Јута – Мајами 74:84

Портланд – Бруклин 97:101

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…