Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.
Бостон Селтикс славеше со резултат 125:118, а одличен настапи прикажа плејмејкерот Кјари Иривинг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ирвинг натпреварот го заврши со 33 поени (12/19 од игра, 4/9 за три) и седум асистенции. Покрај него Џејлен Браун уфрли 26 поени, а Ерон Бејнс 17.
Во редовите на Наџентс најмногу се истакна Гери Херис кој беше и најефикасен играч на натпреварот со 36 поени, Мареј имаше 28 поени и 10 скокови, а Пламил 15 поени.
После првата четвртина во која подобри беа Наџентси, Селтикси до водство стигнаа во втората со серијата од 17:5. На полувреме се замина со 50:40, а на крајот славеше Бостон со 104:94.
Кошаркарите на Хјустон стигнаа до 11 победа во низа со победата над Шарлот со резултат 108:96.
Екипата на Марк Д’Антони до победата стигнаа предводени од одличниот Крис Пол со 31 поен, 11 асистенции и седум скокови. Џејмс Харден забележа 21 поен и осум асистенции, а Клинт Капел девет поени и 11 скокови. Голем допринос од клупата даде и Ерик Гордон кој натпреварот го заврши со 17 поени.
Кај Шарлот, Двајт Хауард прикажа одличен настап против поранешниот тим и натпреварот го заврши со 26 поени и 18 скокови, Кид-Гилхрист додаде 18 поени и 11 скокови, а Кемба Вокер 13 поени.
НБА резултати:
Индијана – Оклахома 95:100
Орландо – Лос Анџелес Лејкерси 95:106
Вашингтон – Мемфис 93:87
Бостон – Денвер 124:118
Мајами – Портланд 95:102
Чикаго – Јута 103:100
Њу Орлеанс – Милвоки 115:108
Феникс – Торонто 109:115
Хјустон – Шарлот 108:96