Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Олд Трафорд има зошто да слави – Кралот ИБРА се враќа посилен од било кога

ВИДЕО: Олд Трафорд има зошто да слави – Кралот ИБРА се враќа посилен од било кога

Кога во април, за време на натпреварот против Андерлехт во Лигата на Европа тешко се повреди, многумина веруваа дека тоа е крајот за Златан Ибрахимовиќ. Многумина, но не и Златан.

Ибра неверојатно брзо се опорави и сите угледни британски медиуми јавуваат дека Златан оваа недела ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед. Иако најдобриот шведски фудбалер на сите времиња во моментов е слободен играч, никој не се сомнева каде Ибра ќе ја продолжи кариерата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Останувањето на Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ е голема желба на менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо. Не постои тајна дека постои поврзаност меѓу нив двајца, а од нов договор со Ибрахимовиќ ќе профитира и маркетинскиот оддел на Јунајтед. Дека тоа е точно, јасно покажува и фактот дека неговиот дрес беше најпродаван минатата сезона.

Ибрахимовиќ минатата година постигна гол на 17 од 27 премиерлигашки натпревари и постигна вкупно 28 гола. Зад него се Маркус Рашфорд и Хенрик Михтариан со по 11 гола.

А дека е посилен од било кога, Златан и со 35 години докажа со две објавени видеа.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…