Вчерашниот ден беше навистина одличен за Јувентус, од друга страна пак крајно разочарувачки за нивниот најголем ривал оваа сезона Наполи.
Имено, Јувентус од 18:00 часот го играше дербито во рим против екипата на Лацио. На оваа средба 0:0 беше се до 93 минута кога Паоло Дибала погоди за предност и големи три бода на Јувентус. Токму овој погодок донесе разочарување на стадионот „Сан Паоло“ каде што во тие моменти фановите на Наполи го чекаа почетокот на натпреварот помеѓу Наполи и Рома (2:4).
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Погледнете како се менуваа лицата на фановите во Неапол по погодокот на Дибала во Рим.