Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Одличен гол на Сане, но ова е доказ дека на Ливерпул му недостасува добар голман

ВИДЕО: Одличен гол на Сане, но ова е доказ дека на Ливерпул му недостасува добар голман

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити во овој момент го играат натпреварот од 23. коло на англиската Премиер лига.

Во моментов резултатот е 1:1 во натпреварот во кој во текот на првото полувреме повеќе доминираше домашната екипа. Ливерпул поведе по само девет минути игра и тоа преку Окслајд-Чембрлен, но Сити се врати пред крајот на првото полувреме.

Се играше 40. минута кога Лерој Сане ја прими топката и постигна гол од преку 30 метри. Рака на срце, ова беше одличен гол, но и доказ дека на Ливерпул му недостасува добар голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…