Лионел Меси синоќа и донесе бод на Барселона на гостувањето против Севиља (2:2) иако каталонскиот клуб пет минути пред крајот на натпреварот имаше негатива од два гола.
Меси синоќешниот натпревар го започна од клупата, но Ернесто Валверде беше принуден да го стави во игра кога Севиља поведе со 2:0. Иако изгледаше дека Барса ќе биде поразена за прв пат во сезоната, на крајот тоа не се случи, бидејќи гостите на крилата на Аргентинецот успеаа за само една минута да израмнaт на 2:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер ја покажа класата и пред почетокот на натпреварот, кога едно дете сакаше негов потпис, но обезбедувањето го запре. Сепак, Меси се врати за да го потпише неговиот дрес со што ја воодушеви јавноста.