Дома Фудбал Останато Видео: Обамејанг постигна гол со рака!

Видео: Обамејанг постигна гол со рака!

За натпревар на денот сигурно ќе биде прогласено германското дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке.

Да потсетиме, Борусија Дортмунд на полувремето стигна до убедлива предност од 4:0. Но, во вториот дел Шалке успеа да ја надополни негативата и да стигне до неверојатни 4:4.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг беше исклучен во овој натпревар откако го заработи вториот жолт картон, а во центарот на вниманието се најде и при постигнувањето на погодокот бидејќи по прегледувањето на снимките може да се забележи дека тоа го направи со рака.

Иако се работи за ненадејно играње со рака, факт е дека овој погодок на „милионерите“ беше нерегуларен.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гатузо бил „уловен“ во Зеница, не можел да заспие цела ноќ!

Иако пред новинарите изгледаше самоуверено за учество на Светското првенство, селекторот н…